Утрински Весник
Спорт

Дијаз во договорот има клаузула која не му дозволува трансфер во Манчестер јунајтед

Дијаз во договорот има клаузула која не му дозволува трансфер во Манчестер јунајтед

Фудбалерот на Реал Мадрид, Брахим Дијаз игра како позајмен во Милан. Наредното лето тој треба да потпише нов договор. Прашање е само со кој клуб.

dobivaj vesti na viber

Реал и Милан договорија играчот да биде позајмен две сезони, потоа италијанскиот клуб може да го откупи за 27 милиони евра.

Според италијанските медиуми, Реал е заинтересиран да му го продолжи договорот на 23. годишниот фудбалер.

„Газета дело Спорт“, открива дека Дијаз има интересна клаузула во договорот. Имено, Реал Мадрид со договор му забрани да оди во Манчестер јунајтед. Секако, Дијаз може да ја прекрши клаузулата, но доколку го стори тоа ќе има последици.

Доколку Јунајтед потпише договор со него, 40 отсто од трансферот ќе оди во касата на Манчестер сити.

Шпанецот сезонава постигна четири гола и забележа една асистенција.

Можете да прочитате

Финалето в недела само втор официјален дуел меѓу Аргентина и Шпанија

Аргентински суеверија – претседателот ги гледа натпреварите од дома, навивачите ја читаат Библијата

Аргентина ја елиминира Англија и закажа финале со Шпанија