Утрински Весник
Магазин

Девојката на Ал Пачино гравитира кон постари мажи

Девојката на Ал Пачино гравитира кон постари мажи
300x250 (7)

Актерска легенда („Лице со лузна“, „Кучешко попладне“ и сите филмови од сагата „Кум“) и неговата 29-годишна девојка неделава се најдоа на насловните страници откако претставник на актерот потврди дека е бремена во осмиот месец.

dobivaj vesti na viber

Ова значи дека 83-годишниот Пачино ќе стане татко по четврти пат. Тој ги има Џули (33) и близнаците Антон и Оливија (22) – од браковите со двете поранешни сопруги Џен Терант и Беверли Ди Анџело.

300x250 (7)

„Нор Алфала постојано гравитира кон постарите богати мажи, изјавија извори за „Пејџ сикс“. „Таа едноставо сака стари луѓе.“

Но, други велат дека бременоста не била планирана, а „ТМЗ“ објави дека Пачино бил шокиран од веста дека повторно ќе стане татко.

Пред да биде објавена веста за нивниот претстоен пакет радост, Пачино и Алфала својата романса ја држеа во тајност, првпат беа фотографирани заедно во април минатата година. Алфала неодамна на својот „Инстаграм“ профил ја сподели првата фотографија од оскаровецот, веројатно како одговор на извештаите кои ја поврзуваа со Пачино.

„Мојот нов ‘дејт’,“ напиша таа под фотографијата, и додаде: потврдено од „извор“.

Алфала немаше споделено фотографија од неа и Пачино заедно сè до минатиот месец, кога парот присуствуваше на изложба на нејзиниот пријател Бенет Милер.

Но, тој не е првата позната ѕвезда со која ја поврзуваат. Таблоидите ја коментираат нејзината  историја на партнери: пред романсата со Пачино, Алфала беше во врска со фронтменот на „Ролинг стоунс“, Мик Џегер, кој сега има 79 години. Романсата треаше една година (до 2018).

Потоа, беше во врска со Николас Бергруен, милијардер инвеститор и филантроп, иако новински извештаи ја поврзуваа со сега 93-годишната холивудска легенда Клинт Иствуд, откако беа фотографирани заедно во 2019 година.

Брзо скролање на нејзиниот „Инстаграм“ профил покажува дека таа со години се дружи со познати личности, меѓу кои и Тимоти Шаламет, Кортни Лав и продуцентот на „Пиратите од Карибите“ Брајан Грејзер.

Ss1

Можете да прочитате

Зеленото смути е идеално за пролетна детоксикација

Научниците открија како да престанете да чувствувате лутина во стресни ситуации

Климатолог на НАСА предупредува дека последиците од температурната аномалија ќе ги почувствуваме веќе во август