Утрински Весник
Магазин

Девојка на работа патува со авион, поевтино ѝ е отколку да изнајми стан

Девојка на работа патува со авион, поевтино ѝ е отколку да изнајми стан

21-годишна девојка од Јужна Каролина патува на работа со авион затоа што ѝ е поевтино од плаќање кирија, пренесуваат американски медиуми.

dobivaj vesti na viber

Софија Челентано, практикант во „Оголви хелт“, сподели видео на „Тик-ток“ во кое раскажува како еднаш неделно патува четири и пол часа со авион од Јужна Каролина до Њу Џерси за својата летна пракса, што трае 10 недели.

Имено, од неа се бара еднаш неделно да работи во канцеларија, а Софија на најчестото прашање на љубопитните луѓе одговара дека патувањето со авион ѝ е навистина поисплатливо од опцијата за изнајмување стан во Њу Џерси и дека на овој начин таа успева да заштеди значителна сума пари.

Софија работи хибриден распоред, работи од далечина четири дена во неделата, а во среда треба да се појави во канцеларија.

„Не ми изгледаше исплатливо да изнајмувам скап стан во близина на канцеларијата ако треба да бидам таму само осум часа неделно“, рече таа.

Тиктокерката раскажа како изгледа нејзиниот ден кога патува на работа со авион. Се буди околу четири часот наутро, а по неколку совети од колешка, сфатила дека ѝ е попрактично да се шминка во авионот за да спие неколку минути повеќе.

„Патувањето до канцеларија трае околу 45 минути, па стигнувам во 9 часот наутро“, објасни таа и во коментарите откри дека летовите ги плаќа од својата плата.

Можете да прочитате

Босанец продаде куќа во Германија и купи половина од родното село: „Сакам повторно да оживее“

Лекар од крузер откри што најчесто лекува на море – патниците постојано прават иста грешка

Две жени извадија 20.000 луѓе на улиците во Џенова. Како им успеа тоа?