Утрински Весник
Македонија

ДЕТАЛНА МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА ДО КРАЈОТ НА ОВАА 2024 ГОДИНА: Многу повеќе сонце, наутро студено, преку ден малку потопло!

Meteoalarm.mk 3.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

До самиот крај на оваа 2024 година, односно до вторник ќе имаме претежно стабилно, суво и посончево време. Сепак брзината на ветерот значително ќе се намали, па поради повисокиот воздушен притисок и тивкото време, но и поради зголемената влажност во воздухот, по котлините ќе се создаваат поголеми услови за појава на магла  и на ниска облачност, која ќе биде најизразена во ноќните и во утринските часови.


Во дел од котлините, особено во оние во Повардарието маглата би можела да се задржи и во текот на целиот ден, па така во овие котлини ќе остане  и постудено со пониски максимални дневни температури на воздухот. И во Скопскиот регион, односно во котлината ќе се создаваат услови за појава на магла  и ниска облачност, а во повисоките делови од котлината, а особено на околните планини ќе биде претежно сончево и тивко.

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе бидат значително пониски и ќе биде многу постудено со минимални температури кои насекаде ќе бидат под нулата, а особено во повисоките населени места тие ќе се спуштаат  и до близу -10 степени, додека на високите планини и под -10 степени, додека максималните дневни температури ќе бележат тенденција на постепен но не многу голем пораст, па така снежната покривка на планините  и на Скијачките центри ќе се намалува полека.

Максималните дневни температури на повеќето места ќе бидат под, или близу 10 степени, додека во југоисточните предели тие ќе се искачат  и до околу 12, 13 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта до околу -3 степени, а преку ден таа ќе се искачува до околу 8, 9 степени. Во ниските предели од котлината, и тоа поради зголемените услови за појава на малгла и на ниска облачност, температурата ќе биде пониска.

Можете да прочитате

Бугарија му забрани влез на адвокатот Тони Менкиноски во следните 10 години

Евакуација на македонските државјани од Блискиот Исток со комерцијални чартер-летови од недела

Тополова – Исајловска: Кога жртвата се повлекува од притисок, системот мора да биде доволно силен да ја заштити