Утрински Весник
Македонија

Деталите не се откриваат затоа што се премногу вознемирувачки – Мотивот за убиството на Вања е јасен

Vanja.jpg

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски апелира до новинарите и медиумите да не даваат опис на дејствијата за тоа како се извршени кривичните дела во случајот со убиствата на младата Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски.

Апелот е имајќи предвид дека обвинителниот акт сè уште не е стапен на сила, откако ќе стапи на сила, сите медиуми, известувачи да се воздржат од коментирање на дејствијата, имајќи предвид дека се со вознемирувачка содржина, вели Коцевски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

Прашан зошто во соопштението од ОЈО Скопје од петокот за обвинителниот акт против четири лица, од една страна, се вели дека обвинетите „испланирале грабнување на 14-годишното дете Вања Ѓорчевска со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп“, но потоа не се објаснува зошто не останале на тој план, туку многу брзо по грабнувањето го убиле девојчето, Коцевски одговара дека мотивот е јасен, но дека известувањето е срочено така за да не се предизвика вознемирување кај јавноста.

Можете да прочитате

Ферати: 25 години по Охридскиот договор, наша задача е мирот да го претвориме во доверба, а довербата во подобра иднина

МНР: Македонски државјани во подрачјата со пожари во Грција телефонски се обратиле за информации, засега нема официјална бројка на евакуирани

Огнот се спушти до првите куќи во село Лозани