Утрински Весник
Економија

Деспотовски: Продолжува растот на извозот и нови работни места во ТИРЗ

Деспотовски: Продолжува растот на извозот и нови работни места во ТИРЗ

Бројот на вработени во ТИРЗ продолжува да расте, а месечната анализа покажува дека во септември компаниите во зоните достигнале највисоко ниво на извоз во последниве пет години.

dobivaj vesti na viber

„Податоците кои за првпат ги имаме во зоните покажуваат дека само во септември кај компаниите имаме извоз од речиси 500 милиони евра што е највисоко ниво досега и нето извоз од 13%. Истовремено само годинава имаме раст на вработените од 12%, односно само од јануари до сега 1600 наши сограѓани се вработиле во овие компании. Ова не се само бројки и статистики, туку се реални ефекти од новиот концепт на ТИРЗ кој се фокусира на инвестиции кои носат додадена вредност и добрата деловна клима во државата“ изјави Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ на денешниот брифинг со новинарите.

Само во септември во компаниите во зоните се отворени над 300 нови работни места, со што вкупниот број на вработени порасна и достигна 15.600.

Позитивниот тренд на раст од почетокот на годинава продолжува и во однос на извозот и увозот. Заклучно со септември извозот од ТИРЗ порасна и надмина 2,78 милијарди евра, што е највисоко ниво во последниве четири години споредено со истиот период. Извозот од јануари до септември е за 34% повисок во однос на истиот период во 2021.

Третиот квартал од годинава со над 1 милијарда евра извоз е исто така највисок квартал во последниве 5 години. Тоа е за речиси 53% повеќе од од третиот квартал во 2021.

Од јануари до септември 2022 година регистриран е увоз од 2,46 милијарди евра што е највисоко ниво споредено со истиот период во изминативе четири години. Ова е за 11% повеќе во однос првите девет месеци од 2021. Увозот кај компаниите во ТИРЗ во септември е највисок досега за еден месец, со 349 милиони евра што е за 84% повисоко од истиот месец лани. Заклучно со септември и нето извозот е 12,5%.

Можете да прочитате

Избор на најуспешни жени менаџерки од земјава и регионот  

Ангеловска-Бежоска − Камер: Претпазливите политики на НБ клучни за одржувањето на макроекономската стабилност

Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“