Утрински Весник
Магазин

(Видео) Објавен трејлерот за „Супер Марио Брос“

(Видео) Објавен трејлерот за „Супер Марио Брос“
Img 5587

Пристигна првиот трејлер за анимираниот филм на „Нинтендо“, The Super Mario Bros, а Крис Прат го позајмува гласот на италијанскиот водоводџија со мустаќи.

dobivaj vesti na viber

Но, не сите се одушевени за тоа.

Ss1

Имено, кога Крис Прат беше најавен како гласот на Марио, луѓето оставија коментари на интернет дека тоа не очекувале ваква промена. Фановите  сметаат дека требало да биде Чарлс Мартинет, кој тоа го правеше со години во видео игрите.

Сега кога конечно пристигна трејлерот, фановите не се импресионирани од тоа како Крис го портретира нивниот омилен лик.

„Ве молиме заменете ги речениците на Прат со некој друг. Ставете го Чарлс Мартинет или некој што всушност звучи како што звучеше Марио сите овие години“, „Добивме само неколку реплики од него, и сите беа неверојатно лоши затоа што тој само го користи својот нормален глас?!“, „Го шутнавте Чарлс Мартинет надвор за ова?“… ова се коментарите на Твитер.

Премиерата на филмот е закажана за 27 април 2023 година.

Ss1

Можете да прочитате

Најдобри градови за пешаци – 24info.mk

Совет на психолозите: Ако сакате да бидете посреќни наутро, практикувајте ги овие три навики навечер

Шишенце вода во Цирих чини четири ипол евра