Утрински Весник
Свет

Десетмина загинати во пожарот во станбена зграда во Валенсија

Pozar spanija.jpg

Десет лица загинаа, а 15 се повредени во пожар што избувна во четвртокот попладне во станбена зграда во Валенсија, на југоистокот на Шпанија, објавија нов биланс локалните власти, додавајќи дека продолжува потрагата по други евентуални жртви.

„Можеме да потврдиме дека се пронајдени вкупно десет тела“, се наведува во соопштението и се додава дека не се знае точниот број на исчезнати лица, па бројот на жртвите би можел да биде поголем.

Пожарот избувнал на еден кат од станбена зграда и брзо се проширил. Засега не се знае точната причина за пожарот. 

Можете да прочитате

Два брода нападнати во близина во Ормуската Теснина во близина на Оман

Трамп: Не се каам за војната со Иран и не верувам во зборот „каење“

Холандски автобус со 48 лица се преврте во Швајцарија, има загинати и повредени