Утрински Весник
Балкан

Десетици пожари беснеат во Србија, едно лице загина, ветерот го отежнува гаснењето

Pozar.jpg

Пожарникарите во Србија се борат со десетици пожари што беснеат веќе неколку дена, во кои едно лице загина, а повеќе се повредени. Дополнително, метеоролозите најавуваат од денеска нов топлотен бран проследен со ветер.

Ветерот значително им ја отежнува работата на пожарникарите и локалните служби на најкритичните точки во специјалниот природен резерват Делиблатско Песочиште, а во текот на ноќта повторно го разгоре пожарот и на Столови кај Кралево, каде што има повеќе активни жаришта.

Во дел од територијата на општина Кладово е прогласена вонредна состојба бидејќи пожарите загрозуваат неколку села на површина од речиси 13 квадратни километри.

Поради новиот топлотен бран, проследен со јужен и југозападен ветер, метеоролошките услови за гаснење на пожарите значително ќе се влошат, предупреди денеска Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија (РХМЗ).

Од РХМЗ предупредуваат дека следува период со изразен недостиг од врнежи, што дополнително ќе придонесе за сушење на вегетацијата и зголемување на опасноста од брзо ширење на пожарите на отворено.

Можете да прочитате

Вучиќ ги распиша изборите на 25 октомври

Од октомври „Ер Србија“ ги зголемува летовите меѓу Белград и Скопје

Вучиќ денеска распишува избори, ќе се одржат на 25 октомври