Утрински Весник
Магазин

Денеска е Денот на шегата

Fools Day.jpg

Луѓето низ цел свет на овој ден традиционално се шегуваат едни со други, си играат мајтап и се забавуваат смислувајќи сплетки, но и безопасни лажни вести… Денеска е Ден на шегата.

Така, некаде луѓето се шегуваат цел ден… Но, во некои земји како Обединетото Кралство, Австралија и Јужна Африка, шегите се тераат само до пладне, по правило. Во Франција, Белгија, Холандија, Италија и француското говорно подрачје во Канада и Швајцарија, традицијата на 1 април е позната како „Ден на рибата“. Вообичаена шега тука е невидливо да му се залепи хартиена риба на грбот на жртвата.

Според едно предание, 1 април како Ден на шегата бил создаден кога во 16. век Новата година била поместена од 25 март на 1 јануари. Дотогаш во многу европски градови Новата година се славела на 25 март, а прославата траела седум дена, односно до 1 април. Според ова толкување, оние кои го прифатиле новиот датум за Нова година се шегувале со оние кои сѐ уште го славеле пред 1 април.

Најраната поврзаност меѓу 1 април и правењето шеги сепак се јавува во „Приказните од Кентербери“ на англискиот поет Џефри Чосер од 1392 година.

Во 18. век се сметало дека овој ден потекнува од библиската приказна за Ное. Според една статија од 1789 година, на тој датум Ное првпат го испратил гулабот – прерано.

Од друга страна, пак, и некои настани што навистина се случиле на 1 април, често биле дочекани со неверување – како шега. На пример, Иран го прогласи 1 април за Ден на Републиката во 1979 година, но и до денес, многумина не веруваат дека тоа е вистински празник.

Во данскиот град Албертслунд во 2009 година, училиште за малку ќе изгорело до темел бидејќи пожарникарите не верувале дека првите два телефонски повици се вистински.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста