Утрински Весник
Магазин

Денес се возат без панталони во метро во Лондон

Metro 1

Секоја година во јануари се одржува “Денот без панталони” на кој многу луѓе, претежно од САД и Велика Британија, одат на работа, возејќи се во метрото без пантолони пишува 24инфо.

Сè започнало пред 12 години, како шега на седум момци, која ја прифатиле и други луѓе, па набрзо се проширила и прераснала во настан кој се одбележува секоја година. Настанот го креирала групата Improv Everywhere во Њујорк при што секоја година се менува точниот датум, но во декември е веќе познат денот кога ќе се оди без панталони во метрото.

Годинава во иницијативата учествувале 60 градови, при што стотици луѓе биле снимени без панталони во лондонското метро.

Идејата зад “Денот без панталони” е прилично едноставна. Патниците влегуваат во метрото на различни станици, без панталони среде зима. Освен тоа, тие се однесуваат нормално и сите носат зимска облека, јакни, капи, ракавици и шалови, но немаат панталони.

Можете да прочитате

Напиток од лимон и маслиново масло за здрав црн дроб

(ВИДЕО) Тројца Руси скокнаа со падобран од стратосферата на Северниот пол и поставија светски рекорд

„Последниот“ 10. филм на Тарантино во мирување