Утрински Весник
Македонија

Денес се празнуваат Светиот маченик Агапиј и седумтемина со него: Публиј, Тимолај, Ромил, двајца Александри и двајца Дионисии

Sveti agapij 1 640x330 1.jpg

Сите пострадаа од кнезот Урбан во Кесарија Палестинска во времето на царот Диоклецијан. Сите седуммина, освен Агапиј, беа сосем млади луѓе, а с ? уште не беа христијани. И никогаш не се крстија со вода. Но се крстија со крв. Еден ден овие седум момчиња гледаа како ги мачат христијаните, едни на оган, други на бесилки, трети пред ѕверови, па гледајќи како поднесуваат маки со трпение, се распалија со ревност по Христа, самите си ги врзаа рацете наопаку и така врзани дојдоа пред Урбан велејќи: „И ние сме христијани!“

Залудни беа ласкањата и заканите на Урбан. На овие момчиња им се придружи и угледниот граѓанин Агапиј, кој дотогаш доста страдаше за Христа и почна уште повеќе да ја распалува кај нив верата и љубовта кон Господ. Беа сите убиени со меч во 303 година, кога заминаа во Небесното Царство на Господ Христос.


Можете да прочитате

Ноќеска започнува летното сметање на времето

Левица: ​​​​​​​Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија, но фактите ги побиваат нивните релативизирања – квадратот расте, а секој трет стан е празен 

Трипуновски: Никој не е над законот, нема заштитени лица, без разлика на нивната функција