Утрински Весник
Македонија

Денес се празнува Светиот маченик Мирон, презвитер

Sv miron.png

Свештеник во некое место во Ахаја, од богат и угледен род, по природа благ и кроток, богољубив и човекољубив.

Во времето на царот Декиј, а на денот на Рождеството Христово, јурнаа незнабожците на црквата, го извлекоа Мирон од службата и го ставија на маки.


При мачењето во огнот му се јави ангел Господов и го поткрепи. Потоа почнаа да му ја сечат кожата на ленти, од главата до нозете.

Маченикот дофати една од овие ленти од својата кожа и со нив го удри судијата-мачител в лице. Тогаш судијата Антипатар како да полуде, вон себеси, зеде меч и се уби самиот.

Најпосле Мирон го одведоа во градот Кизик и таму го погубија со меч, во 250 година.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев 

Зајкова и ЛДП со петиција за електронски нараквици за сторителите на насилство

Уапсен скопјанец, фатен како презема дрога