Утрински Весник
Македонија

Денес (недела) како и утре останува стабилно, суво и студено, наутро и под -10 степени!

Studeno.webp.webp

До крајот на денешниот ден (недела), како и утре (понеделник 10 февруари) во Македонија останува стабилно, суво, ладно и сончево, со појава на мала до умерена облачност, како и со слаб ветер ор променлив правец. Особено ладно ќе биде наутро кога температурите насекаде низ Македонија ќе се спуштаат под нулата, а особено во Беровскиот регион, како и на планините, секако, вклучувајќи ги и Скијачките центри температурата ќе се спушта до околу, па и под -10 степени.

Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени.


Во Скопје ќе имаме слично време, наутро температурата ќе се спушта до околу -3, -4 степени, а преку денот таа ќе се искачува до околу 9/10 степени.

Да напоменам дека, наутро по котлините ќе има услови за појава на краткотрајна магла, или ниска облачност.

Можете да прочитате

Извлечено телото на исчезнатиот давеник од Вардар 

Запленети над 11 килограми марихуана и 400 грама кокаин во стан во Скопје

Филипче со закана за исклучување на Петровска?!