Утрински Весник
Македонија

ДЕНЕС (ЧЕТВРТОК) ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО ВО МАКЕДОНИЈА: Ќе продолжи да дува засилен до силен западен и северозападен ветер

Meteoalarm.mk 36.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Поради продор на постудена воздушна маса од север, во текот на денешниот ден во Македонија ќе имаме значително постудено и променливо време. Во текот на претпладнево сеуште ќе има повремен локален дожд на ниските, и повремен снег во повисоките населени места и на планините, особено во западните  и во северните предели од Македонија.

Ќе дува засилен, до повремено силен ветер од западен и од северозападен правец (над 80 км/час) и истиот до крајот на денов краткотрајно ќе ја намали својата брзина.

Во Скопскиот регион претпладнево ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, додека на околните планини, како и во повисоките места од котлината, ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува засилен, до повремено силен ветер од северозападен правец.

Што се однесува до температурата, максималната дневна денес ќе биде значително пониска за разлика од вчера и ќе се искачува во интервалот од 4 до 12 степени, додека на високите  и на планинските места ќе биде  и уште постудено.

Во Скопје максималната температура денес ќе се искачи до околу 10 степени.

Можете да прочитате

Син на турски градоначалник починал во затвор во Скопје

СДСМ има план во три точки за да се реши кризата во Скопје

ВМРО ДПМНЕ: Промените во здрвството кон квалитетни и навремени услуги започнуваат со грижата за здравствените работници и покачувањето на платите од над 40% во еден мандат