Утрински Весник
Скопје

Демант од ЈП Водовод и канализација-Скопје 

Vodovod.webp.webp

По реакцијата на ЈП Водовод и канализација-Скопје, редакцијата на 24инфо.мк се извинува за објавување на непроверената вест „Голем дефект, пукна водоводна цевка во Чаир“

Во продолжение следи интегрален текст од демантот на ЈП Водовод и канализација-Скопје:

„ Денешната објава на вашиот веб портал со наслов: (Видео) Голем дефект, пукна водоводна цевка во Чаир објавена во 17:39 минути би сакале да ве информираме станува збор за дефект кој е саниран на 10 јануари 2026 година. 

Воедно, нагласуваме дека екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје континуирано и будно ја следат состојбата на водоводната и канализационата мрежа, и се постојано присутни на терен со цел навремено откривање и санирање на дефектите. 

Апелираме за професионално, одговорно и точно информирање со цел да не се создава непотребна загриженост и паника во јавноста.  

Воедно бараме од вас објавување на оваа информација и повлекување на вашата објава како не би ги донеле во заблуда граѓаните и пошироката јавност. 

За сите дополнителни информации, ЈП Водовод и канализација – Скопје стои на располагање “.

Можете да прочитате

Жители на Шуто Оризари во трка со времето: Соседите сами го гаснат големиот пожар

ЈП „Комунална хигиена“ во текот на минатата недела подигна 655 кубни метри отпад од диви депонии

Жичницата на Водно нема да работи од вторник до петок