Утрински Весник
Спорт

Деле Али: Добро сум, клубот ми даде слободен ден

Деле Али: Добро сум, клубот ми даде слободен ден

Тренерот на Бешикташ, Шенол Гунеш, вчера одржа прес-конференција на која рече дека поранешниот англиски репрезентативец Деле Али (26) исчезнал во Турција. Али настапува за Бешикташ и не се појавил на тренингот во средата.

dobivaj vesti na viber

„Му дадовме неколку слободни денови, но не се врати. Го бараме на мобилен, не се јавува, се обидуваме да дојдеме до него. Се надевам дека не му се случило нешто и дека се е во ред со него“, изјави Гунеш.

Сепак, доцна Али се јави со објава на Инстаграм.

„Здраво момци, добив еден куп пораки, па сакам само да расчистам некои работи. Клубот ми даде слободен ден денес за да одам на доктор. Утре се враќам на тренинг, како што беше планирано”, напиша Али.

Али моментално е играч на Евертон на позајмица во Бешикташ. Турските и англиските медиуми пред неколку дена објавија дека Деле Али е исфрлен од тимот на Бешикташ и дека до крајот на сезоната ќе ги следи натпреварите од трибините. На крајот треба да се врати во Евертон.

Оваа сезона одигра 17 натпревари и постигна три гола, што е далеку од неговото поранешно ниво. Додека играше за Тотенхем пред четири години, Али беше најдобар млад играч во Англија и еден од најдобрите во Европа.

Тогаш неговата цена на Трансфермаркт изнесуваше до 100 милиони евра. Има 37 настапи за англиската репрезентација со која беше на Светското првенство во 2018 година. Неговата кариера веќе подолго време се движи по надолна линија.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига