Утрински Весник
Македонија

Герасимовски: ТД „Енергија Центар“ од вчера регистрирано во Централниот регистар

Герасимовски: ТД „Енергија Центар“ од вчера регистрирано во Централниот регистар
Ss2

Општина Центар вчера во Централниот регистар го регистрираше трговското друштво за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори „Енергија Центар“ и со тоа општината и официјално го доби второто општинско јавно претпријатие. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски му се заблагодари и на помошник директорот за финансии на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, Вангел Андрески кој ќе раководи со претпријатието една година без никаков финансиски надоместок.

dobivaj vesti na viber

„Навистина сум горд што Општина Центар го носи духот на иновациите и примената на најефикасните технологии и што на моја иницијатива ја основа „Енергија Центар“, претпријатие кое ќе носи голем бенефит за многу генерации по нас. Со реализацијата на овој проект, општината ќе биде електро-енергетски независна и самоодржлива и во нејзиниот развој ќе се користат природните ресурси и потенцијали. Додека заштедите од пониските сметки и средствата од продажбата на вишоците електрична енергија ќе ги искористиме за нови енергетски фасади, поголемо зеленило, инфраструктурни решенија и проекти кои ќе им бидат од корист на граѓаните. Претпријатието ќе биде сместено во зградата на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, му се заблагодарувам на помошник директорот за финансии, Вангел Андрески што ни ги отстапи просториите со цел да не плаќаме кирија, но искрено благодарност му изразувам поради тоа што ќе го раководи претпријатието без финансиски бенефит цела година. Ова е потег преку кој се гледа силната желба да отпочнеме со работа за бенефит на сите во Центар“, рече Герасимовски при формирање на трговското друштво.

Ss1

Формирањето на трговското друштво „Енергија Центар“ овозможува олеснување на процедурата за инсталирање на поголеми фотоволтаични системи на јавните објекти како основни училишта, детски градинки, урбани заедници и други објекти кои се под надлежност на општината.

Општина Центар преку „Енергија Центар“ може да инсталира централи со вкупна максимална инсталирана моќност од 2,44 мегавата, вкупната инвестиција за инсталирање би изнесувала околу 1.755.000 евра со поврат на инвестиција за околу 4,5 години.

Општина Центар преку формирањето на ова претпријатие го презема првиот чекор кон енергетска независност и се промовира како првата енергетски независна општина во Република Северна Македонија.

Ss1

Можете да прочитате

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“

Еве кои денови се неработни наредна недела

Столе Попов добитник на годинашниот „Златен објектив“ на Кинотека