Утрински Весник
Свет

Дел од општина Гази Баба вечерва без вода

Voda Od Cesma Polog Sar Planina.jpg
Dik 300x250 mk

Поради технички зафати во водоводната мрежа со пречник од 700 милиметри на бул. „Александар Македонски“ бб. кај подвозникот АСУЦ, ноќеска од 2 часот по полноќ до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од бул. „Александар Македонски“.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, во истиот термин со намален притисок на водата ќе бидат корисниците од ниската зона во населабата Автокоманда, поточно улиците „Јани Лукровски“, „Лазар Поптрајков“, „Христо Ботев“, „16-та Македонска бригада“ и објектите во индустриската зона – Пивара Скопје, Кока Кола и Алкалоид, како и корисниците од бул. „Киро Глигоров“ и населбите Маџари, Ченто, Хиподром, Стајковци и Трубарево во општина Гази Баба.

Можете да прочитате

Израел ја прекинува хуманитарната помош за Газа

Трамп: Нема да ја загрозам Америка поради Украина

Кина ги обвини САД за кибер напади врз Националниот центар за време