Утрински Весник
Скопје

Дел од центарот на Скопје денеска без вода

Voda.jpg

Поради уличен дефект на цевка со пречник од 80 милиметри на улицата „Св. Кирил и Методиј“ бр. 48, денеска од 8:30 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата „Димитрие Чуповски“, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар во Општина Центар.

Како што информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, корисниците ќе бидат без водоснабдување до завршување со санација на дефектот.

Можете да прочитате

Набљудување на Месечината од плоштадот „Македонија“, организира Скопското астрономско друштво

Бесплатен панорамски разглед на Скопје

Традиционална крводарителска акција по повод 26 Јули