Утрински Весник
Македонија

Дебата во Собранието „Иднината на демократијата во фрагментиран свет: Како да се зајакнат демократските институции?“

Sobranie.webp.webp

Во Собранието денеска ќе биде одржана дебата на тема „Иднината на демократијата во фрагментиран свет: Како да се зајакнат демократските институции?“ и ќе го посетат учесници на Tретиот форум за културна дипломатија – Скопје 2025.

Поздравни обраќања ќе имаат Африм Гаши, претседател на Собранието и Ѓорѓе Иванов, поранешен претседател на државата.


Како што информираат од собраниската прес-служба, говорници на дебатат ќе бидат Тасмина Ахмед-Шеик, поранешна членка на Британскиот парламент; Давор Филиповиќ, поранешен министер за економија и одржлив развој на Хрватска; Делиа Доминго-Алберт, поранешна секретарка за надворешни работи на Филипините и Саранда Имери-Стафаи, претседателка на Комисијата за култура и туризам.

Можете да прочитате

ЛДП: ВМРО да докаже оваа недела дали приоритет им е Законот за Пандов или Законот за укинување на двојното државјанство

Македонија го почнува првото генетско пребројување на кафеавата мечка

Од првиот министер за одбрана до првороденото дете во независна Македонија – специјално „Отворено студио“ на 4TV