Утрински Весник
Спорт

Де Коло е најдобриот стрелец во историјата на европските натпреварувања

Де Коло е најдобриот стрелец во историјата на европските натпреварувања
Ss2

Кошаркарот на Асвела, Нандо де Коло, стана играч со најмногу постигнати поени во историјата на европските клупски натпреварувања.

dobivaj vesti na viber

Французинот во четвртата минута од натпреварот од 23. коло на Евролигата против Виртус го престигна легендарниот Грк, Никос Галис.

„Да размислиме малку, почнувајќи од 2007/2008 година, кога излегов на европската сцена со Шоле, па се до моментот во кој сум сега… Секојдневната напорна работа ме донесе на врвот на листата на најдобри стрелци во историјата на европските купови“, напиша Французинот на социјалните мрежи.

Галис постигна 4.904 поени во кариерата, додека 35.годишниот Де Коло стигна до 4.917 со своите 15 поени против тимот од Болоња. Сепак, Гркот стигна до нереалната бројка со само 148 натпревари, додека Де Коло досега одигра 324.

На таа листа на третото место е Дејан Бодирога со 4.458 бодови, а зад него е Хуан Карлос Наваро со 4.321.

Де Коло сезонава во Евролигата има просек од 13,7 поени, 2,5 скока и 3,6 асистенции.

Французинот помина две сезони во НБА, а во Европа настапуваше за Валенсија, ЦСКА и Фенербахче.

Ss1

Можете да прочитате

Слот на „Енфилд“ ќе си донесе и играчи од Феенорд

Лазаров објави поширок списпок за двомечот со Ф. Острови и го засили стручниот штаб со Стоилов

Хулкенберг се сели во Заубер