Утрински Весник
Македонија

Давкова: Не употребив вето за да навредам некој јазик

Davkova 1.webp.webp

Ниту сум имала намера, ниту некогаш ќе направам такво нешто да употребам вето за да навредам некој јазик, ниту пак сум се водела од партиски совети, изјави денеска претседателката Гордана Силјановска-Давкова во врска со ветото што го стави на Законот за заштита на децата. 

Во изјава за медиумите дадена денеска по литургијата во Соборниот храм во Скопје, Силјановска-Давкова рече е должна да ги почитува Уставот и законите. 


– Објаснив дека не сум законодавец, нема да предложам решение, не сум Уставен суд, значи нема да го оценувам преку ветото, само упатив повик уште еднаш да се разгледаат членовите 9 и 10 и уште еднаш да се размисли дали ваквиот начин на полагање и добивање на лиценца нема да внесе или да отвори простор за дискреционо овластување. Не сум јас пристрасната, туку партиите кои посегаат по квалификации. Јас само тргнав од еден ноторен уставен и правен факт дека најпрво во самиот закон има одредба во која се вели дека меѓу остантото начинот на полагањето и начинот на издавањето на лиценците се уредува со акти на министерот. Во членовите 9 и 10 има одредби што мислам дека треба парламентарниот состав да ги преобмисли, изјави Сиљљановска-Давкова. 

Она на што укажува, како што појасни, е и тоа што во предложеното законско решение, формулацијата најмалку 20 проценти, не е како што е во Уставот и законите. 

– Ако пратениците одлучат да го задржат ова решение, јас ќе морам да го потпишам законот, но не мислам дека ова е намерно, претпоставувам дека дошло до превид, изјави Сиљановска-Давкова. 

Можете да прочитате

Обвинителство работи на неколку предмети за злоупотреби во ЕСМ и РЕК Битола

Коцевски: Приоритетите за корупција не се под влијание на Мицкоски или кој било друг

Андоновски: Потребно е системско решение за платите во јавната администрација, протестите не се решение