Утрински Весник
Економија

Дурмиши најави доколку има девијантно однесување од трговците ќе следат ригорозни мерки

Marketprazen.jpg

Министерот за економија Бесар Дурмиши денеска најави дека доколку со следните извештаи се покаже девијантно однесување од трговците ќе следат ригорозни мерки. Министерот појасни дека кај основните производи за мај очекувано било зголемување на цената. Посочи дека од друга страна, пак, има домашни производи кои се со намалена цена.

„Во март инфлацијата беше околу 2 проценти, тоа за нас е стабилна состојба, а ќе правиме напори до крај на годината да достигне максимум три проценти. Што се однесува до храната и пијалоците каде спаѓаат основите прехранбени производи имавме намалување на цената за време на мерката и зголемување во мај според податоците на Државниот инспекторат. Во наредните денови чекаме извештај и за јуни, како и податоци од Државен завод за статистика. Кога ќе ги споиме сите податоци ќе анализираме какво е однесувањето од страна на трговците, дистрибутерите и производителите, и ако имаме девијантно однесување или се случува енормно зголемување на цените ќе одиме со поригорозни мерки, или ќе одиме со помал процент на ограничување или ќе ги опфатиме скоро сите производители“, рече министерот.


Додаде дека кога е период на празници забележано е оти трговците ги зголемуваат цените на оние производи кои најмногу се трошат и дека во однос на тоа однапред биле преземени чекори.

Можете да прочитате

Серафимовски додели осум решенија за упис на корисници на заштитената географска ознака „Мариовски мед”

Димитриеска-Кочоска: Вториот ребаланс не е резултат на проблеми со ликвидноста, туку е навремена реакција за заштита на граѓаните

Цветаноски: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии – арамијата троши како да има бунар без дно