Утрински Весник
Македонија

Дарио Ивановски – победник во машка, а Адријана Поп Арсова во женска конкуренција на 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“

Fotovest1.jpg

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“, а 1650 натпреварувачи застанаа на стартната линија. Прво место во машка конкуренција освои Дарио Ивановски, додека во женска конукренција прва до финишот стигна Адријана Поп Арсова, со што освои национален рекорд.

Во периодот од 09:00 до 11:00 часот во Скопје владееше одлична атмосфера, со голема доза позитивна енергија, пропратена со популарни музички хитови, кои дополнително ги мотивираа учесниците во текот на трката.

Благодарение на учесниците на трката, како и на посетителите кои им даваа силна поддршка и гласни аплаузи, „Халк Еко Скопје Трча 10км“ и оваа година покажа дека спортскиот дух обединува, сплотува и го подигнува расположението на неверојатно ниво. Прво место во машка конкуренција освои Дарио Ивановски, додека во женска конукренција прва до финишот стигна Адријана Поп Арсова, со што освои национален рекорд.

На трката со 10 км, првите 5 места во машка и женска конкуренција ќе бидат парично наградени со вкупен награден фонд од 160.000 денари и дополнителни вредносни награди. Пехари ќе добијат и најдобо рангираните во старосни категории и најбрзите пријавени екипи.

Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со А.К. Скопски Маратон и А.К.Работнички под покровителство на Град Скопје, додека насловен спонзор на трката е Халкбанк АД Скопје.

Патеката на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ е измерена и сертифицирана од страна на овластено лице од АИМС и Светска Атлетика.

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница