Утрински Весник
Македонија

„Дадовме се од себе да го спасиме Ферус, но мозочниот удар беше многу силен“, велат од болницата „8 Септември“

„Дадовме се од себе да го спасиме Ферус, но мозочниот удар беше многу силен“, велат од болницата „8 Септември“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ферус Мустафов почина по речиси еден месец лекување во Градската општа болница „8 Септември“ по силен мозочен удар. Директорот на болницата Христијан Костов за „Макфакс“ вели дека лекарите дале се од себе за да му помогнат.

dobivaj vesti na viber

„Беше примен на 26 април со масивен мозочен удар. Беше во кома и беше ставен на респиратор веднаш по приемот. Се разбуди по една недела, му го тргнавме респираторот, му направивме трахеостома за да може да диши самостојно и да се храни на уста, но имаше и други коморбидитети кои ја комплицираа состојбата. Имаше висок шеќер, хроничен миокардит, проблеми со бубрезите, последната недела му правевме и дијализа. Последните денови повторно беше во кома. Лежеше на интензивна нега на неврологија. Сторивме се што можевме за да го кренеме, но ударот беше многу силен и направи многу оштетувања. Почина ноќеска, половина час по полноќ“, вели директорот Костов.

За смртта на кралот на ромската музика, како што и беше познат на јавноста, известија негови блиски. Мустафов е роден 1950 година во Штип, каде што, според најавите на семејството, ќе биде и погребан оти многупати им кажувал дека кога ќе дојде судниот ден сака да биде погребан во родниот град.

Можете да прочитате

ДИК го утврди редоследот на гласачкото ливче за повторените локални избори

Андоновски: Дигиталната трансформација носи помалку хартија, помалку чекање и помалку простор за корупција

Сиљановска – Давкова: Во 2026 година очекувам создавање поповолна бизнис-клима, стабилен раст и подобар стандард за граѓаните