Утрински Весник
Балкан

Дачиќ: Одлуката за препораката за прием на Косово во Советот на Европа е срамна и скандалозна

Dachi .webp.webp

Вицепремеирот и министер за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ денеска изјави дека одлуката на Политичкиот комитет на Парламентарното собрание на Советот на Европа за препораката за прием на Косово во членство во Советот на Европа е срамна и скандалозна.

-Одлуката на Политичкиот комитет на Парламентарното собрание на Советот на Европа за препораката за прием на на Косово во членството во Советот на Европа е срамно и скандалозно, што ги уништува сите принципи на кои почива Советот на Европа, затоа што по првпат е предложен прием на територија која не е членка на Обединетите нации и не е меѓународно призната, изјави Дачиќ, соопшти МНР.

Можете да прочитате

Силен земјотрес ја стресе Грција

(Видео) Масовна тепачка во Нови Сад помеѓу членови на СНС и претставници на Студентската листа

Во приватна клиника во Солун неовластено работело онколошко одделение и се вршеле хемотерапии