Утрински Весник
Балкан

Дачиќ: МВР на Србија овозможи непречено одвивање на железничкиот сообраќај

D0b4d0b0d187d0b8d19c D0b7d0b0 D180d0b5d0b7d0bed0bbd183d186d0b8d198d0b0d182d0b0 D0bdd0b0 D0b5d0b2d180d0bed0bfd181d0bad0b8d0bed182 D0bf 63ca6ee70c507.jpeg

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, утринава изјави дека Министерството за внатрешни работи во согласност со законите на Република Србија и нејзините законски овластувања овозможило непречен развој на железничкиот сообраќај. По повод протестите и блокадите во Белград, за денеска обраќање пред јавноста најави претседателот Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

– Со интервенција на полицијата во 5:30 часот, со строго почитување на полициските овластувања, овозможено е непречено одвивање на железничкиот сообраќај, со што се создадоа услови за нормално функционирање на општествениот живот во интерес на сите граѓани. Полицијата ќе поднесе кривични пријави против сите сторители на кривични дела за прекин на меѓународниот јавен сообраќај и загрозување на безбедноста на граѓаните, се наведува во писмената изјава на Дачиќ.

Според опозициската пратеничка од ССП Мариника Тепиќ, во раните утрински часови, околу 5.30 полицијата ги опколила граѓаните што ја блокираа главната железничка станица „Прокоп“ и ги „исфрлила“, притоа апсејќи најмалку тројца активисти кои не сакале да ја напуштат станицата.

Учесниците на протестот против најавата за ископ на литиум синоќа ги блокираа железничките станици „Прокоп“ и Нов Белград, и останаа таму во текот на ноќта.

Организаторите претходно најавија дека нивно барање е да се донесе закон за трајна забрана за ископ на литиум и бор во Србија, а еден од нив, претседателот на здружението „Не го даваме Јадар“, Златко Кокановиќ, во саботата навечер изјави дека блокадите ќе траат додека не се исполни тоа барање.

Во Претседателството на Србија синоќа беше одржан состанок, по што беше најавено дека во 11 часот на граѓаните ќе им се обрати претседателот на Србија Александар Вучиќ во врска со протестот и преземањето понатамошни чекори.

Можете да прочитате

Вучевиќ: Секој има право нa собир, но насилство не е дозволено

Реакции и наслови од медиуми во Србија пред денешниот протест во Белград

Кокаин во вредност од 2,9 милиони евра откриен во банани на пристаништето во Солун