Утрински Весник
Балкан

 Дачиќ излезе од болница – 24info.mk

Ivica Dacic.jpg

Ивица Дачиќ, српскиот министер за внатрешни работи излезе од болница. Тој беше хоспитализиран поради билатерална пневмонија.

-Ви благодарам на сите. Би ги замолил сите да го чуваат своето здравје, ќе ја искористам позицијата која ја имам за сите луѓе да ги поттикнам на контрола на личното здравје, напиша Дачиќ во објавата на Инстаграм со која информираше дека излегува од болница.


Пред да ја напушти болницата, го посети српскиот претседател Александар Вучиќ.

На 25 февруари, Ивица Дачиќ беше примен во болница, а потоа поврзан со апарати. Докторите му дијагностицираа билатерална пневмонија.

Ивица Дачиќ, патем, страда од дијабетес и други придружни болести – поради што неговата хоспитализација беше итна, а неговото здравје беше исклучително загрозено.

Можете да прочитате

Разбиена криминална организација во Грција што крадела струја и нанела штета од над девет милиони евра

Масакр во белградски бар: Еден убиен, еден ранет, напаѓачот во бегство

Шест педофили во Србија уапсени, со лажни профили мамеле 11-12 годишни девојчиња