Утрински Весник
Балкан

Дачиќ: Две лица се приведени, можна првична мета на напаѓачот била Синагогата во Белград

Dachi .webp.webp

Двајца се уапсени, а претресите продолжуваат на десетици локации низ земјата, порача министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ, по вчерашниот напад врз полицаецот кој ја обезбедувал амбасадата на Израел во Белград.

Според српските власти станува збор за терористички акт и активирано е црвено ниво на безбедност во државата. За еден од уапсените има сознанија дека му помагал на напаѓачот.

„Има луѓе кои припаѓаат на вахабистичкото движење. Едно е да се набљудуваат нивните активности, а друго е прашањето за конкретното криминално дело, односно терористички напад врз припадникот на жандармеријата, Милош Јевремовиќ. Треба да најдеме адекватна причинско-последична врска помеѓу активностите на тие вахабисти и конкретниот настан. Но, имате и други работи, пронајдено е видео со едно лице каде со нож во рака се заколнува на верност, т.н. Исламска држава. Кога ќе погледнете што има во становите на тие луѓе, ќе видите дека тие се членови на екстремисти“изјави Дачиќ.

Во интервју за дневникот на РТС Дачиќ кажа дека станува збор за осмислен и испланиран акт на тероризам , а откри повеќе детали поврзани со движењето на напаѓачот Милош Жујовиќ (Салахудин).

„Познати се многу детали. Неговото движење на автобуската станица е реконструирано, а тој дошол од Младеновац. Се движел низ градот, прво отишол во Синагогата, ја видел полицијата таму, па не можел да изврши терористички чин, па се упатил кон израелската амбасада. Ден пред тоа неговата сопруга отиде во Црна Гора, побаравме информација од црногорската полиција“,кажа Дачиќ.

Ранетиот полицаец е во стабилна состојба по вчерашната операција, а претседателот Александар Вучиќ најави дека тој ќе биде одликуван за храброст.

Можете да прочитате

Екс припадник на ОВК уапсен во Македонија – Белград бара екстрадиција, Приштина ослободување

Дачиќ очекува од Македонија да го екстрадира Рамадани

Српската полиција ја опколи Лозница, се трага по напаѓачот на полицајците