Утрински Весник
Македонија

Да, судија виновен сум! – Васил Јованов призна вина за усмртувањето на Фросина

Vasil jovanov 23877832782.jpg

Обвинетиот Васил Јованов (21) кој ја усмрти Фросина Кулакова на „Партизанска“, на денешното судско рочиште призна вина.

-Ќе се произнесам за вина, но сакам да изразам најдлабоко сочувство за тоа што го сторив. Не сум можел ниту да помислам нешто такво, рече обвинетиот.


– Да, судија виновен сум! – призна вина Јованов.

Јованов и се извини на семејството Кулакови. “Сакам да изразам сочувство на семејството и да им се извинам за тоа што го сторив. Да судија виновен сум не мислев дека некогаш тоа ќе се случи, низ солзи Јованов ја признаваше својата вина за несреќата.

Според обвинението, на 29 јануари годинава, Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци.

Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место.

Можете да прочитате

(фото) Вечерва тешка сообраќајна несреќа во Бутел – автомобил превртен на кров, има повредени

Јована Мојсоска објави дивоградба во срцето на струшката чаршија

Изгореа неколку штали – Пожарот во Валандово сега е ставен под контрола