Утрински Весник
Македонија

Голема полициска акција низ Македонија: Приведени 23 лица за дрога

Policija24info.jpg

Во координирана полициска акција спроведена во текот на изминатото деноноќие, приведени се вкупно 23 лица во повеќе градови низ државата, откако кај нив или во нивните домови и возила била пронајдена различна наркотична дрога.

Најголем број од приведувањата се реализирани во Скопје, каде што седум лица биле лишени од слобода поради поседување бела прашкаста и бела грутчеста материја, како и марихуана.


Во Тетово, при претрес во дом на 41-годишен жител, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана, по што тој бил приведен.

Во Гостивар е уапсен 54-годишен маж кај кого при личен преглед била пронајдена бела грутчеста материја.

Во Куманово биле приведени две лица, а при претрес во нивните домови полицијата пронашла бела прашкаста материја, црна тврда материја, таблети и марихуана.

Во Крива Паланка, по претрес во дом, била пронајдена марихуана, по што едно лице било лишено од слобода.

Полициска акција била спроведена и во Радовиш. Најпрво бил приведен 42-годишен радовишанец кај кого биле пронајдени бела прашкаста материја и кокаин. Подоцна, на регионалниот пат меѓу селата Дедино и Конче, биле уапсени уште две лица од Скопје, откако во нивното возило бил пронајден хашиш.

Во Битола полицијата привела две лица кај кои биле пронајдени бела прашкаста и бела грутчеста материја.

Во Ресен, при претрес во дом и помошни простории, биле откриени марихуана и дигитална вага со траги од дрога, а приведени се две лица.

Во Прилеп е приведен 30-годишен жител кај кого биле пронајдени марихуана, бела прашкаста материја и дигитална вага.

Во Кичево, при сообраќајна контрола на патничко возило со струшки регистарски таблички, кај еден од патниците била пронајдена бела прашкаста материја, по што биле приведени три лица.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање на случаите, против сите осомничени ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Можете да прочитате

Трагедија кај границата со Косово: Пронајдени мртви тројцата исчезнати патници од Скопје

Клековски: И натаму има 250 до 300 нови случаи дневно во Гостивар, анализите на водата готови утре

СДСМ: ВМРО-ОКГ со децении ја управуваше Македонија, а сега бара уште 6 години за Охрид