Утрински Весник
Македонија

Да се отстранат дивите таксисти и да контролираат инспектори – скопските такси превозници испратија барања до Арсовска

Да се отстранат дивите таксисти и да контролираат инспектори – скопските такси превозници испратија барања до Арсовска
Ss2

Групацијата на скопските такси превозници соопшти дека денеска упатиле барање до Град Скопје за решавање на проблемите со такси превозот.

dobivaj vesti na viber

Тие бараат отстранување на 1.500 диви такси возила, како и инспекциска контрола за пријавени такси возачи.

Ss1

Kaко дел од нивните барања ги наведуваат проблемите со жолтите таблици, поради што не можат таксистите да ги обноват возилата, такси возилата без лиценца, лиценцираните такси возила без фискални таксиметри, лиценцираните такси возила со диво наштелувани фискални таксиметри, лиценцираните такси возила со не пријавени такси возачи, лиценцираните такси возила без задолжително обележје, изводот од лиценцата не се совпаѓа со возилото.

Според групацијата, со тоа граѓаните ќе добијат делумно почист воздух и делумно намалување на сообраќајниот метеж во градот, како и околу 1.200 до 1.500 нови вработувања.

„Покрај средувањето на такси хаосот ќе има намалување на сообраќајниот метеж и намалување на загадувањето во град Скопје бидејќи најмалку 1500 диви такси возила ќе се отстранат, а тоа значи помалку издувни гасови од 24 тона гориво. Со инспекциска контрола за пријавени такси возачи во Агенцијата за вработување ќе имаме нови брзи вработувања минимум од 1200 – 1500 такси возачи, бидејќи ќе ги нема пензионерите, непријавените возачи ќе мора да се пријават, а тоа е месечно по минимум 200 илј евра повеќе во Буџетот. За решение на овој проблем потребни се 0 (нула) денари“, велат такси превозниците.

Решението, како што се наведува, некогаш не бара финансиски средства само треба да се сака да се реши.

Ss1

Можете да прочитате

По обработени над 90% гласови: Сиљановска Давкова освои 336.130, Пендаровски 167 388 гласови

Петров: Во вториот круг се почнува од нула, петте кандидати кои отпаднаа имаат голем број гласови

(ВИДЕО) Полициски кордон пред штабот на „Вреди“ кај Скендербег, се собираат поддржувачи на ДУИ