Утрински Весник
Македонија

Да бидеме свои на своето, да бидеме независни во одлуките и новите генерации да ги носиме сами, а не под туторство и диктат изјави Димитриевски

Img 4529.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Повисоки плати, праведен систем, силна економија, поддршка за младите, вложување во здравствениот сектор и земјоделството се дел од заложбите на политичката партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија, која на Конвенцијата што се одржа денеска во Скопје ги претстави носителите на листите за следните парламентарни избори и го промовираше кандидатот за претседател на државата, Максим Димитриевски.

Тој истакна дека заложбата на ЗНАМ е сите што живеат во Македонија да произведат доволно храна и енергија за, како што рече, „да бидеме свои на своето“.

Да бидеме свои на своето, да бидеме независни во одлуките и новите генерации да ги носиме сами, а не под туторство и диктат, рече тој.

Дополни дека во Македонија е потребен баланс во општеството и политиката и од голема важност за нормалното функционирање на државата, според него, има дефиницијата на соживот, со што, како што нагласи, Македонија мора да  гради реално мултиетничко општество.

Можете да прочитате

Зимзоленд вечерва затворен за посетители по интервенција на МВР и Општина Аеродром

ДУИ избра нови претседатели на ограноци и партиски функции

Тетовчанец измамен за сума од 3.000 евра преку социјалните мрежи