Утрински Весник
Македонија

Затвореник излезен на викенд со нож нападнал скопјанец

Zatvor 1.jpg
Ss2

Четириесет и тригодишен осуденик од затворот Идризово кој користел слободен викенд бил приведен вчера попладне бидејќи со остар предмет нападнат 34-годишен скопјанец.

-На 23.03.2024 во 15.40 часот на подрачје на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле до слобода И.Н.(43) од Скопје, осуденик во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, а користел викенд отсуство. Тој се сомничи дека околу 15.00 часот физички го нападнал Б.З.(34) од Скопје и се обидел да го нападне со остар предмет, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Ss1

Кај него бил пронајден остриот предмет. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше МВР.

Ss1

Можете да прочитате

Акумулацијата Градче порибена со 185 кг подмладок на крап

Лукаревска: СДСМ има луѓе кои никогаш нема да отстапат од социјалдемократските вредности за слобода, правда, еднаквост и просперитет

Николоски: Ќе вложиме 50 милиони евра во спортот, спортски објекти…