Утрински Весник
Скопје

Д-р Чибишев: Воздухот во Скопје е три позагаден од дозволеното, на отворено носете маски, дома – прочистувач

Andon Cibisev 360 860x484 1.jpg

Д-р Андон Чибишев со корисни совети за граѓаните поради екстремното загадување на воздухот:

Почитувани пријатели, вчеравечер и утрово состојбата со амбиенталниот воздух во Скопје станува алармантна и неподнослива. Според мерните станици на скоро сите мерни места загадувањето со ПМ 10 честички е за три до три ипол пати повисока од дозволената, а според Европските институции Скопје е меѓу десетте најзагадени градови во светот.

На потегот од Карпош 4, Влае, Порта Влае, Ѓорче Петров, вчеравечер и утрово се чувствува надразнувачки мирис на гареж и некој специфичен мирис кој не можам да го идентификувам. Мојот прочистувач кој го имам во станот дома покажуваше многу високи концентрации на загаденост што значи дека веќе и дома дишеме загаден воздух.

Ја поздравувам најавата на Владата и институциите да се започне со системско решавање на загадувањето на амбиенталниот воздух, меѓутоа додека траат активностите на институциите, на отворено сите со маски, за дома да се набави прочистувач со солидни перформанси затоа што на пазарот има секакви и со различни цени.

На тој начин да се обидеме барем минимално да го намалиме штетното влијание на загадувањето на амбиенталниот воздух.
ЗДРАВЈЕТО НЕМА ЦЕНА !

Можете да прочитате

Граѓани на Скопје на протест против загадениот воздух

Утре поголем дел од денот пола Скопје ќе биде без струја

Новогодишната елка се поставува на плоштадот во Скопје – ФОТО