Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Вчера изгаснати 19 пожари на отворено, активни нема

ЦУК: Вчера изгаснати 19 пожари на отворено, активни нема

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера имало 19 пожари на отворен простор и сите се изгаснати, а активни пожари од вчерашните нема.

dobivaj vesti na viber

-Изгаснати се пожарите во Општина Чучер Сандево, Горно Блаце, горела нискостеблеста шума и ниска вегетација, во селото Јаболци во Сопиште, патот од Василево кон Пиперево, Сушево во Штип, Подареш кон Ораовица во Радовиш, во близина на Мирјанина Црква во Штип, во Неготино, во Теранци, Уларци, Пожаране, Бервеница, кај патарината Гостивар – Тетово, улицата „Бистрица“ во Охрид, населбата Превалец во Велес, Радиовце во Боговиње, Алданци во Крушево и два пожара во Сарамзалино и Ќоселери во Лозово, соопштија од ЦУК.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ го избра Пренџов за заменик на генералниот секретар

Савески: Обвинителството води предистраги и истраги за актуелни високи функционери

Димитриевски: ЗНАМ ќе го преиспита учеството во Владата ако се игнорира ставот за правосудниот испит