Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Два активни пожари, во НП „Јасен“ и во струмичко Сарај

Pozar.jpg

До 12:00 часот на територија на цела држава има три пожари на отворен простор, од кои два се активни. Активни пожари има во Националниот парк „Јасен“, каде гори мешана шума, на територија на општина Македонски Брод и во струмичкото село Сарај, каде гори отпад.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола е пожарот во ресенското село Долно Дупени, каде гори дабова шума и ниска вегетација.


Можете да прочитате

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Кузмановска: Дали на студент му се доволни 140 денари дневно?

АКЦИЈА ВО БИТОЛА: Претрес во домот и канцеларијата на виш јавен обвинител