Утрински Весник
Македонија

ЦУК: Девет пожари на отворено од кои пет се активни

Pozar 2.webp.webp

На територијата на државата заклучно со 13 часот денеска регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола, а три се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни пожари има во село Горно Лисиче, Општина Аеродром каде гори ниска вегетација, дрва и пченка, на автоатот Скопје-Велес спроти БП „Макпетрол“ во Општина Илинден каде гори ниска вегетација, во село Турново, Општина Босилово гори стрниште, во депонија на излезот од Крива Паланка и во село Симница, Општина Гостивар каде горат ниска вегетација, стрништа и грмушки.

Под контрола е ставен пожарот во Општина Зелениково над селото Зелениково каде гореше шума и ниска вегетација.

Изгаснати се пожарите во село Грчец Општина Сарај, кај Новите градски гробишта во Прилеп и во село Црвивци во Општина Кичево.

Можете да прочитате

Неготинец фатен со „сканија“ со песок без документација

Рибар скокнал од чамец по веслата и не излегол од водата, „тигрите“ во потрага по него

Подобрена состојбата на пациентот транспортиран од Турција, лекарите апелираат на внимателност при скокови во вода