Утрински Весник
Македонија

Црна Гора и Србија преземаат мерки од македонскиот систем на социјална заштита

1.webp.webp

Социјалната реформа што Владата на Македонија ја спроведе во 2019 години сериозно придонесе за унпаредување на правата од социјалната, но и од детската заштита. 

Освен зголемување на износот на социјалната помош и другите видови на помош кои сега се нарекуваат гарантиран минимален приход, со реформата се воведоа и нови механизми за помош и поддршка кон ранливите категории граѓани.

Меѓу новите мерки се најде и правото на социјална сигурност за стари лица, популарно наречена социјална пензија. 

Со ова право над 4.300 граѓани над 65 години возраст кои не оствариле услови за стекнување на пензија, добиваат месечен надомест од 7.200 денари. 

Слична ваква мерка се најавува и во соседна Србија. Таму близу 200.000 возрасни лица со над 65 години старост би добиле месечен надомест од околу 100 евра, а воведувањето на социјалната пензија таму се очекува да биде или оваа или наредната година.

Дека македонскиот систем на социјална заштита е препознаен како добар и одржлив, говори и фактот што и други држави од регионот се заинтересирани да направат иста реформа како македонската социјална реформа од 2019 година.

Една од државите кои се заинтересирани за промени по македонски „рецепт“ е и Црна Гора. 

Премиерот на оваа држава лично се заинтересирал и побарал од македонското министерство за труд и социјална политика помош да се направи слична социјална реформа во Црна Гора. 

Тоа вчера го соопшти заменик министерката Јованка Тренчевска која последните години раководеше со министерството. 

Покрај социјалната пензија, со реформата од 2019 година сериозно се зголеми опфатот на деца штом добиваат детски додаток а за првпат се воведе и образовен додаток од 1.200 денари по ученик. 

Социјалната реформа влијаеше и на сериозно зголемување на социјалната помош, Ако до пред 2017 година социјалната помош за самец изнесувала 2.000 денари, сега таа изнесува 6.000 денари, додека семејната социјална помош од околу 5.000 денари сега е над 16.000 денари. 

Иако опфатот е зголемен, Министерството преку разни механизми работи на помош при вработување на лицата кои се во социјален ризик. 

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница