Утрински Весник
Спорт

Циципас го освои Мастерсот во Монте Карло

Screenshot 2024 04 14 221152.png

Дванаесеттиот светски рекет, грчкиот тенисер Стефанос Циципас го освои турнирот во Монте Карло. Гркот попладнево во финалниот меч го совлада Норвежанецот Каспер Руд, 10-ти на светската ранг-листа, за 1 час и 38 минути со 6:1 и 6:4. Циципас по трет пат во кариерата го освои Мастерсот во Монте Карло. Вкупно, тој сега има 11 АТП титули во сингл. Наградниот фонд на Мастерсот во Монте Карло изнесуваше 5,95 милиони евра.

Можете да прочитате

Јамал меѓу најмладите стрелци на Мундијалите

Прва победа за Египет – 24info.mk

Селекторот на Уругвај, Биелса: Паузите за хидратација не придонесуваат за фудбалот