Утрински Весник
Спорт

Циципас е првиот финалист на Австралија опен

Циципас е првиот финалист на Австралија опен
300x250 (7)

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас со победата против Карен Хачанов од 3:1 во сетови (7:6, 6:4, 6:7, 6:3) се пласираше во финалето на Австралија опен. Во мечот за титулата ќе го очекува подобриот од дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Томи Пол.

dobivaj vesti na viber

Циципас можеше да го заврши мечот во три сета, бидејќи сервираше за победа при водство од 5:4 во генови. Сепак, му дозволи на својот ривал да се врати во сетот и на крајот да намали на 2:1, откако имаше две меч-топки во тајбрејкот.

Губењето на третиот сет не го наруши ритамот на Циципас, тој отиде во тоалет за време на паузата меѓу сетови и се врати како нов играч, рутински добивајќи го четвртиот сет за пласман во финалето.

Ss1

Можете да прочитате

Ливерпул го избра Слот за наследник на Клоп

Американците бараат суспензија и за Јокиќ по инцидентот кој го предизвикаа неговите браќа

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм барем уште еднаш со Надал