Утрински Весник
Култура

Чудо на Балканот: „ЗЏМ биг бендот“ и Рамбо Амадеус

Чудо на Балканот: „ЗЏМ биг бендот“ и Рамбо Амадеус

На 8 декември (четврток), во 20.30 часот, во Македонската филхармонија ќе се одржи концерт на Рамбо Амадеус во придружба на биг бендот на Здружението на џез-музичарите и слободните уметници на Македонија – ЗЏМ.

dobivaj vesti na viber

Несекојдневен настан на нашата домашна сцена, на кој ќе имате можност да сведочите за генијалноста на едно од најголемите имиња на Балканот – Рамбо Амадеус, во придружба на нашиот единствен и неповторлив „ЗЏМ биг бенд“. Концертот ќе биде уникатна можност да ги чуете легендарните песни на Рамбо Амадеус во аранжмани за биг бенд, велат организаторите.

Рамбо Амадеус е артист, кој доаѓа од Црна Гора, и дејствува како музичар и поет, гитарист, па и екоактивист. Неговите текстови и медиумски излагања се цитираат со години и децении откако се искажани. Неговите песни комбинираат уникатни сатирични текстови, кои честопати ги критикуваат општествените појави што нè засегаат сите, а неговите концерти речиси никогаш не значат дека ќе чуете едноставни повторувања на снимените песни. Напротив, секое слушање е ново доживување и умешна импровизација, која зборува за човековата природа.

Здружението на џез-музичарите и слободните уметници е здружение на граѓани основано со цел да ги обедини џез-музичарите во Македонија, да ги заштити нивните права и да ја афирмира и популаризира македонската џез-музика во земјата и надвор од неа. Во Здружението членуваат и некои од нашите најреномирани џез-музичари, а во неговите рамки дејствува и „ЗЏМ биг бендот“, чија репутација се должи на многуте успешно организирани настани изминативе години.
Билетите за настанот се достапни на продажните мрежи на „МК тикетс“ и „Купи карти за сè“.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“