Утрински Весник
Свет

Човекот во автомобилот-бомба пред хотелот на Трамп извршил самоубиство пред експлозијата

20250103091454 Big 730x400 60.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Човекот, кој беше во автомобилот што експлодира пред хотелот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Лас Вегас извршил самоубиство пукајќи си во главата пред експлозијата, соопштија претставници на американската полиција.

Метју Ливелсбергер (37) од Колорадо, бил високо одликуван припадник на Зелените беретки на американската армија, кој бил распореден двапати во Авганистан и веројатно планирал да направи најголема можна штета, сметаат експертите кои наведуваат дека челичната каросерија на возилото амортизирала голем дел од силата на иницијалната експлозија.


Шерифот на округот Кларк, Кевин Мекмехил на прес-конференција изјави дека кај ногата на човекот на возачкото седиште бил пронајден пиштол.

„Меѓу јагленосаните предмети пронајдени во возилото имало и огнено оружје, голем број пиротехнички средства, пасош, воена карта, кредитни картички, ајфон и паметен часовник“, рече Мекмехил.

Кени Купер, специјален агент во американското Биро за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви, рече дека нивото на софистицираност на овој напад не е она што би се очекувало „од поединец со ваков вид воено искуство.

Можете да прочитате

Француските земјоделци го блокираа Париз со трактори 

Трамп го кани претседателот на Колумбија во Белата куќа

Пукање пред црква во САД, две лица се убиени