Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Брисел позитивно ги оцени реформите, земјата доби 140 милиони евра од Планот за раст

Vredi vlen.jpg

Соопштение за јавност на ВЛЕН:

ВЛЕН ја поздравува позитивната оценка на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за напредокот во спроведувањето на Планот за раст. За време на посетата во Скопје, таа го оцени постигнатиот напредок како импресивен и најави нови исплати во наредните недели. Северна Македонија досега доби 140 милиони евра од овој план.


Овие средства се резултат на сериозната работа и посветеноста на институциите во исполнувањето на преземените обврски.

Министерството за европски прашања, предводено од првиот вицепремиер Беким Сали, го координира спроведувањето на Реформската агенда и го следи исполнувањето на обврските на институции.

За нас, оваа оценка е дополнителен поттик да продолжиме со работата и навреме да ги исполниме следните обврски.

Ги поздравуваме заложбите на Брисел за деблокирање на европскиот пат на земјата и очекуваме да се надминат пречките за земјата да напредува во преговорите со Европската Унија

Можете да прочитате

Обид за убиство во Милетино

Двајца малолетници со закана со нож ограбиле друг малолетник

Прегазен велосипедист во Скопје – 24info.mk