Утрински Весник
Македонија

Четворица повредени во пожарот во Кочани се враќаат од странство – состојбата на критичните пациенти останува непроменета

Diskoteka Kocani Nasa 696x416 1.jpg

Четири лица кои беа повредени во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска се враќаат во земјава, информира Министерството за здравство. Станува збор за двајца пациенти кои се лекуваа во Хрватска, еден во Шведска и еден во Италија.

– Во странство сè уште се хоспитализирани 60 пациенти. Состојбата на сите, вклучително и на критичните случаи, останува непроменета – соопштуваат од Министерството.


Во македонските болници моментално се лекуваат седум пациенти: четворица на Клиниката „Свети Наум Охридски“, двајца во приватната болница „Систина“ и еден на Клиниката за пулмологија.

Министерството за здравство нагласува дека внимателно ја следи состојбата со сите повредени, обезбедувајќи соодветна здравствена грижа и рехабилитација.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ се случи на 16 март во раните утрински часови, при што животот го загубија 61 лице, а околу 200 беа повредени. Трагедијата остави длабоки последици и сè уште е предмет на истрага и јавна реакција.

Можете да прочитате

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до 4 милиони патници 

Николоски: За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни