Утрински Весник
Спорт

Четворица го водат бунтот против Јулијан Нагелсман

Четворица го водат бунтот против Јулијан Нагелсман

Баерн го тресе огромна криза. Три дена по големото славје против Барселона, во Аугсбург запишаа пораз и оттогаш страстите во Минхен не се смируваат. Тоа беше четврти неуспех во низа за Баерн и моментално е само четврти тим во Бундеслигата. По нерешените резултати против Борусија Менхенгладбах, Унион Берлин и Штутгарт, Баварците го претрпеа првиот пораз во новата сезона.

dobivaj vesti na viber

Германските медиуми пренесуваат дека во соблекувалната Нагелсман ги критикувал играчите и барал објаснување од нив за лоша игра, но на прес-конференцијата јасно ставил до знаење дека е свесен дека сноси најголема одговорност.
„Размислувам за се. За себе. За ситуацијата. За се“, рече тренерот на Баер на крајот од своето обраќање до медиумите.

Недолго потоа, германски „Спорт1“, објави дека Нагелсман се уште е убеден дека играчите се најмногу виновни за моменталната состојба.

Ги обвинувал за неефикасноста, но и за тоа што акциите во завршната третина не се играат онака како што тој рекол дека треба. Од друга страна, веќе извесно време во германските медиуми се пишува дека играчите се незадоволни од односот на тренерот.

Денес „Спорт1“, објави текст во кој го посебно го анализирал секој играч, со опис на тоа кој од нив е фрустриран од односот на тренерот. Четворица играчи се истакнати како водачи во бунтот против Нагелсман. Според овој извор тоа се Садио Мане, Џошуа Кимих, Леон Горецка и Рајан Гравенбер.

„Мане се загуби по извонредниот старт. По Барселона најави дека ќе се подобри, но веќе против Аугсбург повторно се виде дека Баерн има причина да се грижи бидејќи го одигра најлошиот натпревар откако дојде во клубот. Наводно е тажен и безволно“, пишува „Спорт 1“.

„Гравернберх е бесен бидејќи сезонава одигра само 218 минути, Горецка затоа што не добива доволно можности, Мундијалот е се поблиску, додека на Кимих му пречи општата состојба во клубот и не му се допаѓаат некои идеи на тренерот.“

Можете да прочитате

Влаховиќ ја разбуди „старата дама“

Алкалоид без проблеми ја преслуша Струга

Зидан и Баерн се пред крај со преговорите за отпочнување на четиригодишна соработка