Утрински Весник
Македонија

Четири жени седнуваат на градоначалниките места – извојуваа победа на локалните избори

Izbori.webp.webp

На Локалните избори 2025, само четири жени беа избрани за градоначалнички, и покрај тоа што вкупно 32 жени се натпреваруваа за оваа функција. Тоа претставува само 10,35% од сите 309 кандидати за градоначалници.

Од четирите победнички, една е избрана во првиот круг, а три во вториот:

– Кисела Вода доби градоначалничка во првиот круг: Бети Стаменкоска Трајкоска (ВМРО-ДПМНЕ).

– Во Македонска Каменица, Соња Стаменкова (СДСМ) го освои својот втор мандат во вториот круг.

– Марија Нацева (ВМРО-ДПМНЕ) победи во Неготино во вториот круг.

– Наталија Димитриева (ВМРО-ДПМНЕ) победи во Демир Капија во вториот круг.

Можете да прочитате

Брвеница денеска избира градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани

Недела со сончеви периоди и северен ветер, во Скопје до 18 степени

Бугарија нема да ја предаде Ива Михајлова – министерот ги нарече македонските власти „српски“