Утрински Весник
Свет

Четири лица затруени со гас на аеродромот во Лос Анџелес, едно лице во критична состојба

Четири лица затруени со гас на аеродромот во Лос Анџелес, едно лице во критична состојба

Најмалку четири лица се затруени при истекување гас на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес.

dobivaj vesti na viber

Противпожарната служба на Лос Анџелес соопшти дека едно лице е во тешка состојба, а три имаат поблаги симптоми, пренесе „АП“.

Инцидентот се случил на Терминалот 8 на аеродромот кога дошло до истекување јаглероден диоксид од неидентификуван извор.

Терминалот 8 е целосно евакуиран од патници, кои се пренасочуваат кон блискиот Терминал 7.

Се утврдуваат причините за истекувањето на гасот.

Можете да прочитате

Шестмина избодени со нож во Антверпен

Премиерот на Гренланд порача дека само Гренланд и Данска имаат мандат да склучуваат договори за островот

Бројот на жртви во пожарот во Карачи се искачи на 67