Утрински Весник
Македонија

Четири лица повредени во сообраќајка кај Кавадарци

Четири лица повредени во сообраќајка кај Кавадарци

Синоча на регионалниот пат Кавадарци-Прилеп, кај место викано „Дреновска спирка“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(44) од с.Долно Лакочереј, охридско и патничко возило „фиат уно“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.А.(53) од с.Дреново, кавадаречко.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот К.А., додека со телесни повреди се здобиле возачот Д.С., сопатникот во неговото возило З.А.(46) од с.Велгошти, охридско и сопатничката во возилото „фиат“, Ж.Б.(44) од с.Ваташа, кавадаречко, констатирани во болницата во Кавадарци.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Кавадарци.

Можете да прочитате

Километарски колони и доцнења на граничниот премин Евзони/ Богородица за влез во Грција

Брза реакција на полицијата, уапсен мажот во случајот на семејно насилство, повторно ја нападнал сопругата и во домот во Велес

Пратеничката Лукаревска на настани на ПССЕ во Атина посветени на човековите права и инклузијата